Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Победничкиот “марш“ на вардарки продолжува, Пелистер повторно “жртва“
Кошарка: Победничкиот “марш“ на вардарки продолжува, Пелистер повторно “жртва“

Кошарка: Победничкиот “марш“ на вардарки продолжува, Пелистер повторно “жртва“

Изминатиот викенд,    ЖКК Вардар втора година по ред му се радуваше на трофејот во Купот на Македонија. Тие  во финалето кое се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со 72-50 (36-26) славееа над  ривалот во македонската кошарка ЖКК Бадел.  Веќе овој викенд  тие продолжија со  дуелите во кошаркарската прва лига. Вардарки вчера беа  домаќини на екипата на ЖРК Пелистер од Битола.

 На натпреварот кој е дел од 2. коло од  второт дел од сезоната,  ние дојдовме до победа со петнаесет коша предност. На дуелот кој  се играше во малата сала “Кале“ победивме со 77-62. Во целиот дуел доминиравме иако предноста на крајот беше далеку помала од победата над овој тим изминатиот викенд. Девојките од Вардар токму со “зелено-белите“ се сретнаа во полуфиналето од Купот во Кавадарци, тогаш лесно триумфиравме со резултат 84-33 (30-20) и “визиравме“ финале.