Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров и Карачиќ во ТОП-5 најдобри стрелци, односно асистенти, после две одиграни кола на СП
Дибиров и Карачиќ во ТОП-5 најдобри стрелци, односно асистенти, после две одиграни кола на СП

Дибиров и Карачиќ во ТОП-5 најдобри стрелци, односно асистенти, после две одиграни кола на СП

Зад нас се веќе две одиграни кола на Светското ракометно првенство во Германија и Данска, а денес стартуваат мечевите од третото коло. Вардаровите играчи имаа свој придонес во добрите резултати на своите селекции на стартот од мундијалот.

Тимур Дибиров се наоѓа во ТОП-5 листата на најдобри стрелци после две одиграни кола. Левото крило на Вардар има висок процент на реализација од 88%, односно постигна 15 голови од 17 обиди кон противничките голови. Првото место на оваа листа е за Генсхајмер од Германија со 17 погодоци, додека втор е капитенот на Македонија, Кирил Лазаров кој има постигнато 16 голови. Во ТОП-25 листата на најефикасни играчи се наоѓа и уште еден играч на Вардар, се работи за Данил Шишкарев кој за Русија има постигнато 10 голови.

Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ кој е дел од Хрватската репрезентација се наоѓа во ТОП-5 најдобри асистенти, со вкупно 8 успешни проигрувања до своите соиграчи кои акциите ги завршувале со погодок. Во оваа статистика, на второто место се наоѓа Кирил Лазаров кој има запишано 11 асистенции. Во ТОП-30 најуспешни асистенти после првите две кола се наоѓаат уште и Кисељев и Стоилов, кои имаат по 5 асистенции.