Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер: Во Скопје би преживеал со 300 евра, но сите си ги сакаме заработените пари
Дисингер: Во Скопје би преживеал со 300 евра, но сите си ги сакаме заработените пари

Дисингер: Во Скопје би преживеал со 300 евра, но сите си ги сакаме заработените пари

Кристијан Дисингер за германските медиуми истакна дека проблемите во Вардар се многу големи и дека само чудо би го задржало во редовите на Европскиот првак и следната сезона. Дисингер моментално е повреден, а се очекува да биде подготвен и да и помогне на екипата за 1/8 финалето од Лигата на шампиноните, секако доколку Вардар се најде таму.

„Сите минуваме низ еден тежок период. Голем дел од ракометарите скоро шест месеци не зеле плата, добиваме само за основни трошоци. Во Скопје би преживеал со 300 евра, но сите си ги сакаме заработените пари. Затоа ракометарите полека си наоѓаат нови клубови. Што се однесува до мене, само чудо може да ме задржи во Вардар и следната година“, изјави Дисингер.