Saturday ,21 April 2018
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Познат составот во кој ќе се натпреварува РК Вардар Јуниор сезонава (список)
Познат составот во кој ќе се натпреварува РК Вардар Јуниор сезонава (список)

Познат составот во кој ќе се натпреварува РК Вардар Јуниор сезонава (список)

Втора година по ред екипата составена од помладите вардарци тимот на РК Вардар Јуниор ќе се натпреварува во суперлигашката конкуренција. Лани овој помлад црвено-црн ракометен колектив го водеше Пепи Манасков, а годинава истиот го презема од него ракометниот стручњак Стојан Петрушевски. Тој предтоа работеше со третиот сениорски вардаров машки ракометен состав РК Вардар-2 кој беше вице-првак во Првата лига и од каде заедно со Петрушевски во Јуниор минаа неколку имиња на млади и надежни ракометари кој се иднината на вардаровиот и македонскиот машки ракомет. Во продолжение ви го носиме ростерот кој ќе се обиде да стигне до плеј-офот, цел која лани овој тим ја имаше зацртано, но не успеа да ја оствари.
->
ГОЛМАНИ: Никола Кизиќ, Петар Филиповски, Даниел Ѓорѓевски, Филип Ивановски.
ЛЕВИ КРИЛА: Кристијан Ристов, Владо Недановски и Никола Стојковски.
ЛЕВИ БЕКОВИ: Мартин Манасков, Дејан Кукуловски, Тоше Ончев и Иван Ангелов.
СРЕДНИ БЕКОВИ: Александар Димовски, Божидар Симиќ, Димитар Георгиевски  , Антонио Николовски.
ДЕСНИ БЕКОВИ: Ристо Вујачиќ и Стефан Трпчевски.
ДЕСНИ КРИЛА: Мартин Попоски и Мартин Димов .
ПИКЕРИ: Кристијан Анастасовски, Симон Попов.
Заминаа од екипата на РК Вардар Јуниор следниве пет имиња: Тренчевски, Чурлевски, Андовски, Чаневски, Јовчевски.