Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и ова лето ќе мора да бара специјалист за одбрана
Вардар и ова лето ќе мора да бара специјалист за одбрана

Вардар и ова лето ќе мора да бара специјалист за одбрана

Европскиот шампион, тимот на Вардар и ова лето ќе има полни раце со работа бидејќи ќе треба да бара голем број на нови играчи кои ќе треба да го засилат тимот од Скопје за во иднина.

Главен акцент ова лето ќе треба да се стави и на позицијата специјалист за одбрана. Како што е добро познато, за жал, по Илија Абутовиќ, Вардар загуби уште еден одличен одбрамбен играч. Глеб Калараш по само една сезона си заминува од редовите на Вардар, па така управата на клубот ќе мора и овој летен преоден рок да бара нов специјалист за одбрана од типот на Абутовиќ и Калараш.

На кој ќе падне одлуката сеуште не е познато. Се знае само дека Вардарци веќе имаат во опција неколку типови на ваков играч, но нема да брзаат со одлуката.