Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Како дамите да ги избегнат опасностите во “урбаната џунгла“, решението за нив и младите го има екипиранот тим на Реал Аикидо Вардар (ФОТО)
Како дамите да ги избегнат опасностите во “урбаната џунгла“, решението за нив и младите го има  екипиранот тим на Реал Аикидо Вардар (ФОТО)

Како дамите да ги избегнат опасностите во “урбаната џунгла“, решението за нив и младите го има екипиранот тим на Реал Аикидо Вардар (ФОТО)

Сигурноста и безбедноста  е нешто кое не се препушта на случајноста во животот, особено денес во овој стадиум на општествениот живот кога улицата потсетува на “урбана џунгла“. Минатиот четврток ве запознавме со решението на овој модерен проблем,  клубот за Реално Аикидо Вардар, детали за овој член на црвено-црното семејство може да најдете на нашиот сајт- тука.

1

Целта на новиот текст за нашиот вардаров колектив е да ви ја презентираме нивната врвна програма која ја имаат, во која има можност за изучување на вештини за зачувување на телесниот интегритет на девојките од опасност, на најмалите и најмилите дечиња на возраст од 4години се до 14 и нормално програма за возрасни лица. Низ оваа фото-приказна ќе се обидеме да доловиме како функционира клубот.

1a 1b

Ќе се обидеме детално да ве запознаеме со стручниот кадар кој стои на располагање, одличната екипираност е нешто кое го краси клубот. Вардар има обезбедено своја сала каде несметано работи, тренинзите се одржуваат во ОУ„Александар Македонски“ во  скопската населба Ново Лисиче. Како тренери во клубот работат Антоан Диневски 2ри дан, главен инструктор кој веќе 8 години е професионален тренер и претходно 2 години како асистент тренер. Антонио Дамјановски 2ри дан, кој покрај реалното аикидо на вардаровите  ученици им го пренесува и своето знаење од карате и Бразилско џиу џицу.

2a 2b

Сепак  екипираноста е целосна, покрај врвните и искусни инструктори Вардар изобилува со млади, обучени  и одлични кадри. Бојана Диневска 2ри дан  е една од најдобрите женски мајстори по реално аикидо во Македонија, што е голема предност за дамите кои сакат да бидат дел од вардаровиот тим. Тука е и  асистент тренерите Кристијан Ранковиќ 1ви дан и Андреа Диневска 1ви дан кој се истакнуваат со младите категории. Целата слика ја дополнува   и можеби најмладиот мајстор по реално аикидо, Јосиф Грујовски, 1ви дан детски појас.

3a 3b

Она што го акцентиравме и минатиот текст е широката лепеза на програми за сите категории, особено можноста дамите да совладаат вештини кои би им донеле можост за самоодбрана. Тоа ја зголемува сигурноста на девојките и младите индивидуи во “урбаната џунгла„ во која за жал живееме во поново време. Важна е сопствената сигурност и здравје,  сепак има нешто што е ниво погоре што еден човек може да посака, тоа е грижата за  сигурноста на најмладите членови на неговото семејсто и дамите во домот, а клучот за тоа го имаат вардарци.

4a 4b

Па така покрај детската програма која може да се работи од само 4  години и која се усовршува до 14 година Вардар како сериозен клуб од оваа област ими и програмата за самоодбрана за жени, улични техники, техники во партер и напади со оружје како нож, палица, пиштол. Она што е важно сето ова лесно се совладува бидејќи како што прочитавте погоре стручната екипираност е одлична, покрај професионалните тренери има и девојки кои пренесуваат знаење и кои веќе имаат постигнато високо ниво во Реалното Аикидо, мозаикот го дополнуваат и млади инструктори за деца.

5a 5a1 5bb

Нормално покрај децата секако најранлива категорија на улица се припадничките на понежниот пол. Па така  кога они се во невоља најчест напад според одредени статисики е фат за коса за вратниот појас гушење од напред и од назад како и фатови за раце. Токму во црвено-црниот колектив дамите и децата ќе успеаат да совладаат техники за решавање на овие опасности кои ги демнат, и вештина за одбрана од ваков вид на напади со техника за избегнување на опасноста при атаци на нив.

6a 6b 6c

Ви носиме неколку фотогафии од тренинзите на Реал Аикидо клубот Вардар, со цел да ви доловиме мало парче од атмосферата на нивните тренинзи. Сепак она вистинското може да го видите на лице место, тренинзите на црвено-црните се од отворен тип па доколку сакате да се запознаете со вештините може да присуствувате.

57039925_10214203275098020_6581941268341850112_n 57155413_10214203270737911_4187903540951252992_n

Исто така отворена е и опцијата за зачленување бидејќи сите се добре дојдени од 4 години до 77, машки и женски, луѓе кои сакаат да се заштитат, да спортуваат или сериозно да ја изучуваат оваа вештина и да непредуваат во истата. Генералиите за контакт и можноста за пристапување во Вардар ја имате на дното од текстот.

57121001_10214203263537731_972575647459180544_n 57125782_10214203260857664_7679886890912186368_n 57160404_10214203258217598_6890204338329747456_n 57186061_10214203258297600_4823643809831190528_n 57221356_10214203267257824_3760460669007167488_n 57222716_10214203272977967_1108079997337206784_n 57238993_10214203254417503_6894929343521226752_n 57286181_10214203275778037_7328225336766758912_n 57289501_10214203269657884_5260574182927761408_n 57306076_10214203262457704_6594947614725111808_n 57308930_10214203254817513_5979886999195090944_n-1 57321669_10214203276298050_4898009708272549888_n 57348189_10214203272657959_1562186378442178560_n 57411795_10214203260017643_3124896261858131968_n 57434143_10214203264057744_3693517272917213184_n 57462701_10214203254497505_9025623582109073408_n 57485660_10214203267617833_8018130804016152576_n 57490336_10214203261857689_6366819988711407616_n 57504199_10214203275578032_7382890091372347392_n 57595663_10214203269137871_3148787923680231424_n 57606640_10214203269897890_1571511761759109120_n 58383318_10214203272577957_6882804887067820032_n

* Клубот “Вардар“  имаа иста порака како и минатиот пат: Сите  наши тренинзи се од отворен тип,  повелете, дојдете да се дружиме. Уписот    на нови црвено- црни членови се врши на   секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.