Викедов во Скопје во салата „Кале“ ќе се игра завршницата од Купот на Република Македонија кај момците и девојките. Во сабота од 12. часот, на теренот во салата СРЦ „Кале“ ќе истрчаат екипите на Бадел 1862 и Струга 2009, потоа од 14.30 часот, ќе се игра натпреварот помеѓу бранителот на трофејот, екипата на Баскет Кам 2011 и Вардар.Тренерот на вардарки, Александар Ашаданов за Куп завршницата изјави:
Сакам овој викенд да биде спортски празник. Се надевам дека Купот ќе донесе интересни и неизвесни натпревари. Вардар досега играше на скоро секој турнир на завршницата во Купот. Не познавам претставник кој дошол да игра на ваков турнир, а да не сака да го освои. Куп-натпреварите се драматични, се игра по еден меч. Без разлика на хартија и на фаворитска улога. Ќе се обидеме да им ги поматиме сметките на главните фаворити“ – изјави Александар Ашаданов.