Вардар оствари голема победа на гостувањето кај Монпелје (25-28) и на тој начин ги зголеми своите шанси за пласман во осмина-финалето на ЛШ. После лоша серија од седум последователни порази, Вардар се издигна на најдобар можен начин со триумф кај лидерот во групата.
Погодок кој сигурно дека ќе биде и во ТОП-5 на колото го постигна Стојанче Стоилов и тоа од неспецифична позиција за него. Се играа последните пет минути од натпреварот, кога Вардар беше под пасивен напад, Дибиров проигра со Стоилов кој немаше друга опција, освен да шутира кон голот на домаќинот, тоа и го стори, откако се ослободи со финта, успешно биеше од крило и го реши победникот на натпреварот.
Погодокот на Стоилов, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.