Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рк Вардар во група со Веспрем и Рајн-Некер Ловен
Рк Вардар во група со Веспрем и Рајн-Некер Ловен

Рк Вардар во група со Веспрем и Рајн-Некер Ловен

 

Откако преку вајлд карта Рк Вардар обезбеди директно учество во групната фаза на ЛШ,денеска беше извлечен во групите за истото натпреварување.Ждрепката сакаше Вардар да се натпреварува во група заедно со Веспрем(Унгарија),Чековски Медведи(Русија),Целје Пивоварна Лашко(Словенија),Рајн-Некер Ловен(Германија) и Монпеље(Франција).
Според реномираниот портал“ Хандбал Планет“ оваа група ќе биде ,група на смрта, во која ќе гледаме големи и неизвесни дуели на секој натпревар.
Во првото коло Вардар ќе гостува во Словенија на Европскиот првак од 2003/2004 ,во второто коло Вардар ќе го пречека Чеховски Медведи и сигурно дуелите со овој противник ќе бидат посебни за Тимур Дибиров кој речиси пола од својата играчка кариера ја помина токму во овој клуб од каде и премина кај нас.
Минатата сезона Вардар направи голем успех и стигна до 1/4 ,во кое беше поразен од Фленсбург кој покасно стана и Европски првак.

Се надеваме дека оваа сезона со неколкуте засилувања,Вардар ќе претендира за завршниот турнир.
27.06.2014

Leave a Reply