Младинките на ЖРК Вардар со 5/5 во групата-А веќе на 4.кола до крајот обезбедија пласман на завршниот Ф-4 турнир во оваа конкуренција. Црвено-црните избранички попладнево во Струга беа подобри од домаќинот Стружанка со резултат 22-34. Првиот дел го започнавме фуриозно, на стартот по неколку одбрани на Ѓорѓиевска поведовме со 0-3. Ние бевме тимот кој диктираше темпо и од минути во ... Read More »
Младински лиги
Младинките гостуваат кај Стружанка, со победа на 4.кола пред крај обезбедуваат Ф-4
Младинките на ЖРК Вардар, денес (четврток, 30.март) гостуваат во Струга во дуел од групата-А на кој ако дојдат до победа ќе обезбедат Ф-4 на 4.кола до крај. До сега имаме 12.бода од 4.одиграни кола и сме лидери. Дуелот против тимот на Стружанка кој ќе се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга е закажан со почеток во 17-00 часот. Read More »
Кадетките утре домаќини на ЖРК Чаир
Кадетките на ЖРК Вардар, викендов ги очекува дуел од ракометната кадетска група-А, ние во оваа рунда ќе бидеме домаќини. Црвено-црните избранички на Платон Анжела и Марија Папуџиева ќе ја пречекаат во салата „Круме Кепески“ екипата на ЖРК Чаир. Натпреварот е на програмата утре, сабота (25.март), истиот е закажан со почеток во 13 часот и 30 минути. Read More »
Кадетките на ЖРК Вардар убедливи со Чаир
Кадетките на ЖРК Вардар, денес во рамки на дуел од Групата-А ја пречекаа на домашен терен екипата на ЖРК Чаир. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева беа подобри и убедливо ја совладаа ривалската екипа со резултат 30-15 (11-06). Ние започнавме фуриозно на самиот почеток отворивме со високи 4-0, ривалот не успеа да се врати во игра по ова наше ... Read More »
Младинките на Вардар остануваат лидери, убедливи и со РК Илинден
Младинките на ЖРК Вардар, вчера „гостуваа“ кај тимот на РК Илинден на дуел кој се одигра во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода. На оваа средба од младинската група-А, црвено-црните девојки дојдоа до лесна и убедлива победа со резултат 16-33 (8-20). Двата тима започнаа со по еден погодок во противничките мрежи за почетни 1-1, ривалот само во тој момент на ... Read More »
Кадетките домаќини на ЖРК Чаир во сабота
Кадетките на ЖРК Вардар овој викенд ќе одиграат дуел во рамки на Групата-А, на програмата е 10.коло, на истото избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева се домаќини. Натпреварот на црвено-црните девојки против тимот на ЖРК Чаир од Скопје е закажан за задутре, сабота (18,март). Оваа средба ќе играме во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода со почеток ... Read More »
Младинките во четврток против ЖРК Илинден
Младинките на ЖРК Вардар одиграа три дуели во изминатите четири кола (еднаш беа слободни) и остварија максимален успех со 9.бода се лидери на табелата во групата-А. Следен предизвик за девојките на Александар Царчев е дуелот против тимот на РК Илинден од истоимената скопска населба. Дуелот е закажан за задутре (четврток, 16/03/2023). Натпреварот ќе се одигра во салата „Круме Кепески“ во ... Read More »
Царчев: Подготовени сме, ќе атакуваме на пехарите оваа пролет
Завшува долгата зимаска пауза за ракометарките во земјава, од утре со настапот во првото коло од плеј-офот започнува пролетниот дел од сезоната, во првата рунда ривал на вардарки ни е екипата на Металург во дербито кое го играме на домашен терен. Кормиларот на ЖРК Вардар, тренерот Царчев Александар за зимските подготовки и утрешниот меч ни изјави: Подготовките се зад нас, ... Read More »
Младинките во првото пролетно коло домаќини на ЖРК Сани 14
Младинките овој викенд ќе го го играат првото пролетно коло во 2023 година, во оваа рунда црвено-црните девојки се домаќини. Избраничките на Александар Царчев, младинките на ЖРК Вардар ќе ја пречекаат екипата на РК Сани 14 во дуел од 4.коло во групата-А од младинската конкуренција. Натпреварот ќе се игра во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода во недела, ... Read More »
Кадетките без бодови од дуелот кај Ѓорче Петров
Кадетките на ЖРК Вардар, вчера одиграа дуел од својата конкуренција, тие гостуваа кај тимот на Ѓорче Петров-ЖРК, на оваа средба домаќинот не совлада со резултат 29-25 (13-12). Оваа средба започна рамноправно со почетни два гола во двете мрежи за 2-2 на стартот. Домаќинот имаше повеќе од играта и успеа да се одлепи на четири гола, дотогаш најголемата предност за нив ... Read More »