Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити Историја
Комити Историја

Комити Историја

Комитите се формирани официјално на 4 јуни 1987 година, тој ден e  првото истакнување транспарент со натпис „Комити“ на западната трибина на градскиот стадион во Скопје, на фудбалскиот натпревар од Првата Југословенска лига помеѓу ФК Вардар и ФК Црвена Sвезда почна приказната на многу генерации, почна приказната за момците од западот, за КОМИТИ. Вардар како клуб имал поддржувачи од своето основање, но навивачи организирани како навивачка група не постоеле сѐ до тој натпревар. Бројноста на Комитите растела со победите на ФК Вардар по стадионите низ СФРЈ над големите југословенски тимови. Во тие години Комити како единствена навивачка група од Македонија на секој натпревар добивале ”засилување” и од другите македонски градови.

KOMITI2

По распадот на СФРЈ во Македонија избувнува вистинска тифоманија со што Комитите добиваа конкуренти и нови искушенија. Покрај своите стари ривали “Чкембари”, добија многу нови: “Мајмуни”, “Кумани”, “Војводи”, ….. Па така “Комити” добија нова цел да докажат дека се најдобри и најсупериорни во Македонија. Редовно одеа на гостувања ширум Македонија да докажат кој е газда. Меѓутоа со забраната за организирани масовни гостувања тифо движењето во Скопје па и во Македонија се сруши. Настана голема битка помеѓу Комити и ФСМ која резултира со невиден хаос на натпреварот Вардар-Силекс. На Комитите не им се дозволува гостување, на другите мак тифози не им се дозволува да пристигнат во Скопје, па така интересот за ултра навивање по малку се изгуби. Но сепак Комитите опстојуваат. Можеби не во онаа препознатлива бројка, но со голем квалитет и срце сеуште ги приредуваат препознатливите спектакли. Во годините изминати покрај Вардар кога навивачкото движење беше на работ на истребување, и не толку во мода. Секогаш беа и се’ да ја дадат својата подршка, да ги одбранат своите идеали и чест.

И покрај се’… И покрај сите забрани, опструкции, но и покрај целата репресија и негативна пропаганда која се врши кон името Комити и поимот навивач.

laf

Химната на Комити:

Комити знаме, на запад веат
и песна пеат, и песна пеат
знамето наше, во две бои
црвено-црно, на запад стои
црвената е во крвта врела,
за македонски градови и села,
а црната е за тој што жали
за Гоцевите идеали!
За една љубов живееме
за еден клуб навиваме
една љубов еден живот
за тебе наш вардарее
Црвено-црна е во мене
црвено-црна е за тебе
црвено црна ќе се лее
за тебе наш вардарее…

▒▓█ K ▌O ▌M ▌И ▌T ▌И █▓▒ ЗНАМЕ НА ЗАПАД ВЕААТ И ПЕСНА ПЕААТ И ПЕСНА ПЕААТ, ЗНАМЕТО НАШЕ ВО ДВЕ БОИ, ЦРВЕНО ЦРНО НА ЗАПАД СТОИ, ЦРВЕНАТА Е ЗА КРВТА ВРЕЛА ЗА МАКЕДОНСКИ ГРАДОВИ СЕЛА, А ЦРНАТА Е ЗА ТОЈ ШТО ЖАЛИ ЗА ГОЦЕВИТЕ ИДЕАЛИ ООООООО ЗА ЕДНА ЉУБОВ ЖИВЕЕМЕ ЗА ЕДЕН КЛУБ НАВИВАМЕ, ЕДНА ЉУБОВ ЕДЕН ЖИВОТ ЗА ТЕБЕ НАШ ВАРДАРЕ ООООО ЦРВЕНО ЦРНА Е ВО МЕНЕ, ЦРВЕНО ЦРНА Е ЗА ТЕБЕ, ЦРВЕНО ЦРНА ЌЕ СЕ ВЕЕ ЗА ТЕБЕ НАШ ВАРДАРЕ ООООО ▒▓█ K ▌O ▌M ▌И ▌T ▌И █▓▒ ЗНАМЕ НА ЗАПАД ВЕААТ И ПЕСНА ПЕААТ И ПЕСНА ПЕААТ, ЗНАМЕТЕ НАШЕ ВО ДВЕ БОИ, ЦРВЕНО ЦРНО НА ЗАПАД СТОИ, ЦРВЕНАТА Е ЗА КРВТА ВРЕЛА ЗА МАКЕДОНСКИ ГРАДОВИ СЕЛА, А ЦРНАТА Е ЗА ТОЈ ШТО ЖАЛИ ЗА ГОЦЕВИТЕ ИДЕАЛИ

П.С.Комити се секогаш тука за својот Вардар !

Leave a Reply