Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Време е за ракомет, играј Вардар за нас
Комити: Време е за ракомет, играј Вардар за нас

Комити: Време е за ракомет, играј Вардар за нас

Во пресрет на утрешниот натпревар на РК Вардар против екипата на Рајн Некар, на својата официјална страница навивачката група Комити го објави следново:

ВРЕМЕ Е ЗА РАКОМЕТ!

РК Вардар во сабота игра против екипата на Рајн Некар.

Не е важно кој е фаворит на хартија, важно е присуството на секој Вардарец. Полната сала нека им ги пресече нозете на противниците, а песната комитска нека биде мотив плус за нашите ракометари, да стигнат до голема победа. Нека проработи скопскиот вулкан – сите во сала !

Натпреварот започнува во 19:00ч
Собир: 18:00ч | пред нашиот влез.
Билет: 150 ден. | пред нашиот влез.
Пред главниот влез на салата, ќе се врши продажба и замена на членски карти за ФК Вардар и продажба на маички “Вардар – клуб на народот”
Цена на членска карта: 1000 ден.
Цена на маичка: 500 ден.
ИГРАЈ ВАРДАР ЗА НАС!