Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите деца го освоија “Караорман Куп 2014“
Вардаровите деца го освоија “Караорман Куп 2014“
караорман куп

Вардаровите деца го освоија “Караорман Куп 2014“

Младите надежи на Фк Вардар генерација 2003/2004 предводени од Филип Арсовски се победници на Караорман Куп 2014 кој се од 27-29 ти јуни се играше во Струга на стадионот на Фк Караорман.Самиот факт што на шест натпревари примија еден гол,а постигнаа 15 погодици говори за нивната надмоќност и супериорност на теренот.
Во група заедно со Вардар се најдоа уште четири екипи и сите доживеаа пораз , вардаровите деца со следниве резултати ја минаа Б-групата:

1.Фк Вадар-Фк ЛГ Битола 3:0
2.Фк Вардар-Фк Тотал Фудбал-Ресен 3:0
3.Фк Фер Плеј-Охрид-Фк Вардар 0:1
4.Фк Тони-Прилеп –Фк Вардар 0:3
По освојувањето на првото место во Б-групата на избраниците на тренерот Филип Арсовски им преостана борбата за освојување на турнирот.
Полу-финале:ФК Вардар-Фк Еврофудбал 3:1
ФИНАЛЕ:ФК Вардар-Фк Фер Плеј 2:0

Исто така и екипата на Вардар генерација родени 2001 го овоија споменатиот турнир во својата категорија.Они остварија скор од 5 победи и 1 пораз со постигнати 16 гола,а примени само 3.Резултатите кој ги остварија на турниров се следниве :
1.Фк Вардар-Фк Борец 4:0
2.Фк Талент-Битола-Фк Вардар 0:2
3.Фк Вардар-Фк Фер-плеј 0:1
1/4 Фк Вардар-Академија Пандев 3:0
1/2 Фк Еврофудал-Фк Вардар 2:3
ФИНАЛЕ:ФК ВАРДАР-Лг Битола 4:0

Овие деца се вистинско богаство не само за Вардар туку и воопшто за Македонскиот фудбал,и треба да им се посвети максимално внимание и услови за работа.Сепак тие се иднината како на Вардар така и на Македонија.Екипата на Вардарфанс.мк им го честита освојувањето на овој турнир,и им посакува многу трофеи и успеси како на домашна така и нa меѓународна сцена.

30.06.2014

Звонко Ивановски

Leave a Reply