Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардарци со победа го почнаа плеј-офот
Куглање: Вардарци со победа го почнаа плеј-офот

Куглање: Вардарци со победа го почнаа плеј-офот

00000000000

Во македонското куглање изминатата недела заврши регуларниот дел, од овој викенд започна плеј-офот. Во него вардарци влегоа како второпласирани и одиграа дуел против Макпетрол-Б.

Оваа средба на претендентите за 2.позиција ја добија црвено-црните по голема битка со резултат 5:3. Од двата тима поентираа по три играчи, за победата беше клучен тимскиот скор на нашиот тим.  Костадин Манев со 581 имаше одлична партија и освои сигурен поен. Покрај него победија секогаш константнот поентер во нашите редови Пецо Димовски и Тони Тодоровски.

Вкупно имавме 3242 наспроти 3175″соборени дрва”  на сино-жолтите. На оваа средба освоивме 14сета, а 10 пропаднаа на ривалот.