Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски ја започна својата 15-та сезона
Завировски ја започна својата 15-та сезона

Завировски ја започна својата 15-та сезона

Нашиот Петре Завировски полека се движи кон атлетско “полнолетство”. Тој на 10 февруари, сабота ја започна својата 15-та сезона во дресот на Вардар. Цел живот лојален на Вардар, неговото деби беше веќе далечната 2010 година, на 16 годишна возраст на Скопскиот Маратон.

Вардарецот Завировски во моментов се наоѓа во добра форма. Викендов на 5км на првото коло на United Runners Skopje истрча сосема добра трка со резултат 17:53 минути. Ова е одлично за него бидејки се наоѓа во почетна фаза на сезоната. За првиот дел на сезоната акцентот е ставен на неколку трки во месец мај и јуни. Пред тоа во март и април Завировски ќе продолжи со свои настапи и брусење на формата.

428608301_10225005070776161_1179561061158676610_n

Што се однесува до тренажниот процес, Завировски одработи многи квалитетни тренинзи во декември и јануари, истите значајно ја подобрија неговата форма. Сосема коректни како отскочна даска беа месеците октомври и ноември. Со тоа полека се навршуваат подготовките од “базата”. Во следниот период треба да се работи на брзината и брзинската издржливост.

Обемот и интензитетот се одлично, мотивацијата никогаш не е доведена во прашање кај Завировски, дисциплината не е спорна. Кога ќе собереме се на се само прашање на време е кога ќе дојде одличен резултат.

Особено задоволство ни претставува лојалноста кон Вардар на двајцата Вардарци Марко Ивановски и Петре Завировски.