Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Комити > (Видео) Да се наежи секој Македонец: Над 3.000 грла ги испеаја химната и „Заветна“
(Видео) Да се наежи секој Македонец: Над 3.000 грла ги испеаја химната и „Заветна“

(Видео) Да се наежи секој Македонец: Над 3.000 грла ги испеаја химната и „Заветна“

Натпреварот меѓу Вардар и Шкендија привлече најголемо внимание пред стартот на 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Големото дерби на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари се игра пред полна трибина. Околу 3.000 приврзаници на вардарци дојдоа да го поддржат клубот во тешкиот дуел со фаворитот од Тетово.

Како што му доликува на ова големо дерби, „Комити“ организираа и вистински спектакл. Освен што се играше пред полна трибина, пред мечот македонската пејачка Бојана Скендеровски ја изведе традиционалната песна „Заветна“, со помош на целата скопска публика. По излегувањето на играчите на теренот, следеше и македонската химна, па се „Комитите“, Бојана и присутните мирно застанаа и запеаја „Денес над Македонија се раѓа“.

Изведбата на „Заветна“ од Бојана Скендеровски:

Уживајте!