ФК Вардар на својата официјална страница го претстави новото засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ:
25 годишниот интернационалец од Хрватска Михаел Бришки е нов играч на ФК Вардар. Игра на позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч, потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони, а во својата кариера настапувал и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во нашите редови доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.
Добредојде во црвено црното семејство Михаел