Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девет години заедно, “Вардар фанс“ на веб , благодариме на довербата
Девет години заедно,  “Вардар фанс“ на веб , благодариме на довербата

Девет години заедно, “Вардар фанс“ на веб , благодариме на довербата

Нашиот црвено-црн вардаров веб-сајт започна активно да функционира на македонското спортско “новинарско небо“ пред точно 9 години, во 2015 на овој ден започнавме официјално да ги промовираме нашите статии до нашите читатели.  Четири години пред тоа фунциониравме како Фб-страница. Во меѓувреме од тогаш до денес споделивме со вас десетици илјади текстови за големото црвено-црно семејство.

Нашата визија вроди со плод пред 9 години, се “роди“ медиумот кој посакавме и успеавме. Се обврзавме во целост да ги следиме сите екипи што имаат име Вардар, дали станува збор за првите тимови на фудбалскиот и двата ракометни колектива, двата кошаркарски, кугларскиот, боречкиот, атлетичарскиот, пинг-понгарскиот, ватерполо тимот, па  се до сите детски категории на вардаровата школа.

11193270_385824204959701_268260006015315547_n

Мило ни е што успеавме да си ја оствариме целта и да покриеме добар дел од настаните за кои сакавме да известуваме, особено со акцент на младите вардарци кои доаѓаат, на кој им останува иднината. Нашата мисија е за промоција на светото име “Вардар“, нашата желба е секоја црвено-црна “клетка“ да биде следена и да се известува за неа. На нашите читатели, им се заблагодаруваме на читањето и посетата на нашиот и ваш сајт.

Ви благодариме, спортски поздрав ваш Вардар фанс.мк