Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со Кебел Сусо ќе го нападне Гостивар!
Вардар со Кебел Сусо ќе го нападне Гостивар!

Вардар со Кебел Сусо ќе го нападне Гостивар!

Утре и официјално започнува пролетниот дел од шампионатот во ПМФЛ, а во него пресметка на силниот домаќин Гостивар и нашиот засилен Вардар.

Утре деби на клупата на Вардар ќе има новиот стратег Горазд Михајлов, а добрата вест за него е што на располагање ќе ги има и новите играчи, пред се се мисли на оние интернационалците.  Кебел Сусо доби право за настап уште во првото пролетно коло, па така ќе има можност на дело да се покаже пред спортската и вардарова јавност. Освен него, секако тука се и Ѓуриќ, потоа Бришки, Шушњара, Мујезиновиќ, па се до супер засилувањата Ристовски, Алтипармаковски..

Инаку, утрешниот дуел започнува со почеток од 14 часот, со директен ТВ пренос на МТВ 3 и Арена Спорт 5.