Кугларите на Вардар оваа пролет имаат одличен влез во вториот дел од сезоната, врзаа три победи во низа на трите воведени кола и освоија максимален број бодови во 2024.
Последен дуел беше против дамите од ГТЦ Мусандра. На натпреварот во Скопје црвено-црните остварија победа со резултат 6-2. Коста Ристевски со 567 “соборени дрва” имаше најдобар скор на натпреварот. Покрај него за нас поенираа Дарко Димитровски, Тони Тодоровски и Зоран Ристиќ. Вкупно имавме резултат 3086, а на натпреварот освоивме 18.сета.