Во недела, 7 мај низ скопските улици ќе се одржи најголемата атлетска трка во Македонија за првиот дел на сезоната Skopje Run 10k. Свое учество имаат потврдено безмалку сите асови на долги патеки од Македонија помеѓу нив и нашиот Петре Завировски. Патеката е во должина од 10км стартот е закажан во 9 часот на Илинденска кај школка.
На Завировски ова ќе биде само втор настап оваа сезона. Работите во првиот дел на сезоната не се одвиваа добро поради повреди. Но Завировски се враќа во ритам и во мај ќе трча на трката на 10км во Струга. На почетокот на јуни во Охрид ќе трча 21км.