Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Коцева Борјана: Јас сум дете на Вардар
Коцева Борјана: Јас сум дете на Вардар

Коцева Борјана: Јас сум дете на Вардар

Во женската сениорска ракометна лига овој викенд се комплетира есенскиот дел, на програмата е последната 13.рунда . Токму во ова коло има две дерби средби, ЖРК Вардар во еден од тие два дуели настапува како гостин.
Дербито во гости кај шампионот, екипата на Ѓорче Петров-ЖРК го најавува нашиот играч, Борјана Коцева која е оптимист пред утрешниот дуел. Македонската репрезентативка Коцева цела кариера е дел од Вардар, клуб во кој ги помина и младинските категории. Нејзиниот квалитет беше препознаен од настапите во вардаровата „Јуниор Лига“

Не очекува натпревар против тимот на Ѓорче Петров кој е навистина многу квалитетна екипа. Доста добро се воиграни и имаат поголем ростер на располагање во однос на нашиот тим. На нас ни останува да го дадеме максимумот на овој натпревар и да се надеваме на добар исход.

Борјана Коцева во националната селеција се препорача со одличната игра во одбраната и нападот на Вардар. Добрите игри ги забележа селекторот Кристијан Грчевски и неговиот стручен штаб, кои решија да и дадат шанса за нови настапи.

-Секогаш ми било и ќе ми биде чест и задоволство да ги бранам боите на Македонија. Тоа чувство едноставно не се опишува, сонот полека ми се остварува. За перформансот, секогаш може подобро, треба да се стремиме на поголеми успеси и достигнувања.

Нашиот бек дава оценка на она што досега е постигнато во есенскиот дел на дуелите во сениорската и младинската лига, каде речиси со исти ростер настапува црвено-црниот тим.

Целото интервју погледнете го на официјалната страница на ЖРК Вардар-ТУКА