Викендов во последното коло од есенскиот дел Вардар гостуваше кај Ѓорче Петров. Нашите девојки дадоа максимум на оваа средба, сепак противникот оствари победа со 31-27 на оваа средба.
Домаќинот успеа на стартот да поведе со два гола предност при резултат 3-1. Вардарки искористија две одбрани на Илиќ, направивме серија 0-3 и со голот на капитенот Трпевска во 5.минута поведовме со 3-4. Домаќинот изедначи веднаш ама нашите девојки играа борбен прв дел и успеаа да поведат со два гола при резултат 5-7, преку Трпевска. Вардарки ја одржуваа ова предност пред налетот на повозрасните девојки на актуелниот шампион се до финишот во кој влеговме со два позитива. Во 27.минута водевме со 17-19 по одличниот погодок на Коцева Бојана. Домаќинот тим во финишот успеаа со резултатска симетрија да ги заврши првите 30.минити, на одмор беше 19-19.
На почетокот на вториот дел со по два гола во двете мрежи започнавме израмнето, беше 21-21. Потоа поголемиот ростер на домашниот тим дојде до израз, полека успеваа да прават резултатска разлика. Победата дојде со резултат 31-27 за актуелниот шампион, екипата на Ѓорче Петров кој оваа есен има 100% ефект во лигата, односно максимален број на победи.
Вардар: Кимовска Ивона, Илиќ (12.одбрани), Попова 1, Стефаноска 6, Галачева, Велјаноска, Франговска, Трпевска 8, Коцева Борјана 2, Кимовска Ива, Тодоровска 1, Миленкоска 1, Радевска 2, Ѓорѓиевска (2.одбр) Милевска, Коцева Бојана 6.