Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар со пораз од Феникс во последното коло во 2023
КК Вардар со пораз од Феникс во последното коло во 2023

КК Вардар со пораз од Феникс во последното коло во 2023

Во последното коло во 2023 година, црвено-црните кошаркари го пречекаа  тимот на Феникс  во салата „Кале“ и беа поразени.

Ривалот се одмазди за поразот во 2.коло кога Вардар како гостин го совлада на изненадување на многумина. Победата за нашиот ривал дојде со резултат 89-104. Ние имавме до полувреме поволен резултат водевме со 32-26 по што дојде криза и серија на ривалот. Тие со неверојатни 2-22 во серија направија пресврт, потоа само ја одржуваа предноста и на крај победија со 15.поена повеќе. Вардар по 13.кола оваа есен има скор 3-10 и е на предпоследната позиција на табелата.

Во нашиот тим прв стрелец беше Митков со 18.поени, покрај него целата стартна петорка беше двоцифрена на оваа средба.