Кугларскиот клуб Вардар донесе интересна вест, истата ви ја пренесуваме во целост:
Нашиот претседател Димитар Димитровски го освои 2-то место во супер финалето на еден од најсилните кугларски турнири во Европа во Бачка Топола. Зад себе остави 8 куглари од светските топ 20, меѓу кои и бр.1 Вилмош Заварко, светскиот рекордер Чонгор Барањ, Ерњеши, Ковачиќ, Бина, Тамаш Киш како и нашиот екс член Влакевски кој моментално котира како 8-ми на светската ранг листа.
Диме одигра 650 за 4-то место во финалето и влез меѓу 6 во супер финалето каде сруши 649 за второ место зад Заплетан на 1-во место и пред Заварко на 3-то место.