Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките до пехар на “Скопје куп-2023“ , Хасаноска прогласена за МВП
Кадетките до пехар на “Скопје куп-2023“ ,  Хасаноска  прогласена за МВП

Кадетките до пехар на “Скопје куп-2023“ , Хасаноска прогласена за МВП

На 21.декември во салата „Н.Н Борче“ во населба Маџари, опш. „Гази Баба“ се одигра кадетски турнир “Скопје куп-2023“ на кој Вардар беше најдобар.

1

Тимот на Платон Анжела и Марија Папуџиева дојде до златото на овој настан. Подобри бевме од екипите на Ѓорче Петров и Чаир. По крајот на настапот нашиот капитен Тамара Ѓорѓиевска го прими шампионскиот пехар. Покрај тоа имавме и најдобар играч на турнирот, нашиот голман Зорица Хасаноска беше прогласена за МВП.

2 3