Кадетската екипа на ЖРК Вардар оваа есен ја заврши на делба на првата позиција на табелата со тимот на Стружанка со по 19.бода. Девојките на Платон Анжела и Папуџиева Марија во седум рунди постигнаа 198.погодоци или во просек 28,30 голови по одигран натпревар што е одличен офанзивен просек.
Кога сме кај стрелците за кадетската црвено-црна екипа оваа есен погодија дури 17.девојки. Неприкосновен лидер е Миленкоска Леона, одигра фантастична есен за кадетките, таа зад своето име има 49.голови. Младата вардарка беше фантастичнa во двата правци покажувајќи високо ниво на игра. Втор стрелец е исто така одличната оваа есен, Тодоровска Дона со постигнати 31.погодок ја завзема “сребрената” позиција. Листата на стрелци кај црвено-црните кадетки изгледа вака:
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
1. Леона Миленкоска 49 гола
2. Дона Тодоровска 31 гол
3. Мила Ристовска 15 гола
4. Сара Дамјаноска 13 гола
5./6. Дафина Соколовска 11 гола
5./6. Сара Ристовска 11 гола
7./8. Бојана Божиновска 10 гола
7./8. Леона Деметра Франгоска 10 гола
9. Неда Јанева 9 гола
10./11. Јана Поповска 8 гола
10./11. Ива Соколовска 8 гола
12. Јана Стојанова 6 гола
13. Ивана Смилевска 4 гола
14. Драгана Соколовска 3 гола
15./16./17. Ања Илијоска 2 гола
15./16./17. Ива Петрова 2 гола
15./16./17. Тамара Станковиќ 2 гола