Оваа сезона пионерките на ЖРК Вардар, предводени од Даниела Новеска-Вељаноска на која и помага Ружица Атанасова за прв пат настапуваа во системот на РФМ, сепак имаа перфектна полусезона оваа есен
.
Одиграа седум натпревари во Групата-А и остварија исто толку победи, со тоа заминаа на пауза како лидери со максимални 21.бода. Постигнаа 189.погодоци, односно впишаа неверојатни 27.постигнат гол по одигран дуел, треба да напоменеме ова е голем број на голови бидејќи пионерските мечеви се играат по 40.минути ефективна игра. Дури 14 девојки се впишаа во листата на стрелци, лидер е Мила Ристовска со 28.гола. Зад неа е капитенот Сара Ристовска со гол помалце, пикерот Јанева Неда погоди 26.пати. Во Топ-5 делот се најдоа и Јована Павичевиќ и Сара Дамјаноска.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:
1.Мила Ристовска 28.гола
2.Сара Ристовска 27.гола
3.Неда Јанева 26.гола
4.Јована Павичевиќ 23.гола
5.Сара Дамјаноска 21.гол
6.Јана Стојановска 16.гола
7.Тодоровска Драгана 15.гола
8.Ања Илијоска 13.гола
9/10.Ангелов Инес 5.гола
9/10.Стефанија Петровска 5.гола
11/12.Тодоровска Бисера 4.гола
11/12.Мила Манева 4.гола
13/14.Херин Ада 1.гол
13/14.Клара Ѓуровска 1.гол