Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар 1961 гости на Алкалоид
Кадетите на Вардар 1961 гости на Алкалоид

Кадетите на Вардар 1961 гости на Алкалоид

По воведниот пораз во 2022 од тимот на РК Пролет, кадетите на РК Вардар 1961 ги очекува уште еден тежок натпревар, овој пат против лидерот на табелата,  екипата на РК Алкалод. 

Момците на Пепи Манасков во 6.коло од Групата-В ќе бидат гости, ова е  прв дуел од вториот круг во групата која има шест тима. Ние ќе гостуваме во недела, 20.фебруари во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Натпреварот е закажан со почеток во 12-00 часот.