Црвено – црните куглари веќе се во напредна фаза од подготовките за новата сезона во која ги чекаат европски и домашни дуели . Тие ги почнаа подготовките од шести овој месец и интезивно работат на својата форма. Подготовките се одржуваат пред се во кугларницата при Спортскиот Центар “Борис Трајковски“ кој е домашен терен за вардарци во дуелите од Македонската кугларска лига.
Нашите куглари во новата сезона 2015/16 ќе се натпреваруваат во две нови комбинации на дресови од реномираниот производител на спортска опрема “Хумел “ . За модели кои ќе ги престават дресовите на јавноста КК Вардар ги одбра двајцата истакнати поединци во црвено – црниот табор : Дарко Димитровски (бела комбинација) и Бојан Влаќевски. Вардарфанс ви ги донесува фотографиите од изгледот на новата опрема . Нашите момци со овие нови дресови ќе дебитираат на првиот европски предизвик во Австрија на НБЦ купот каде ќе се обидат да бидат достојни преставници на нашата земја на овој силен европски куп .