Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Драги Димитровски “прозиваше“, Вардар ги почна подготовките
Куглање: Драги Димитровски “прозиваше“, Вардар ги почна подготовките

Куглање: Драги Димитровски “прозиваше“, Вардар ги почна подготовките

За  играчите на кугларскиот клуб Вардар минаа последните денови од летната пауза. Подготовките за новата сезона почнуваат денес (понеделник, 6.август). Кормиларот на црвено-црните Драги Димитровски денес “прозиваше“ .

Со првиот собир нашите момци  ја стартуваат сезоната 2018/2019, истиот го имаа во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар. Таа куглана повторно ќе биде домашен терен на нашиот тим во домашниот шампионат оваа година, откако изминатата ја игравме како домаќини во С.Ц “Борис Трајковски“. Вардарци прв предизвик кој ги очекува е нивниот 8-мо септемвриски интернационален турнир, а потоа ќе играат на Светскиот куп во Хрватска каде ќе ја преставуваат Република Македонија на овој европски предизвик. Потоа следат дуели и во домашната лига-МКЛ.

Составот на Вардар кој ќе новата сезона е следен: Дарко Димитровски,  Коста Ристевски, Георг Поп-Крстев, Згонц Маријан, Миле Димовски (капитен), Бранко Митиќ,  Влатко Гиевски, Тони Тодоровски и Стојановски.