Девојките на Жалкина Стојановска, сениорскиот тим на ЖКК Вардар во натпреварот од петотто коло против екипата на ЖКК Работнички освоија нови два бода и со максимални 10.бода го задржавме врвот во првата кошаркарска женска лига.
Нашите црвено-црни дами вистински издоминираа во “Градски Парк“ на гостувањето кај женскиот тим на Работнички, особено имавме одличен старт на натпреварот и првата четвртина заврши со предност од 14 плус за нас. На пауза по 10.минути кошарка на овој дуел заминавме со резултат 07:21 на семафорот во наша корист.
Во текот на натпреварот противничкиот тим успеа во неколку наврати да ни се доближи, но и последниот дел го добивме со +11 поени и тука победата веќе беше запечатена. Триумфот на ова гостување Вардар го избори со резултат 58-76.
Наредно коло на наш терен во малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“-Скопје ја пречекуваме екипата на ЖКК Гостивар 2009.