Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ВАРДАР – Основоположник на женската кошарка
ВАРДАР – Основоположник на женската кошарка

ВАРДАР – Основоположник на женската кошарка

Управата на KK Вардар уште од самиот почеток на постоењето на овој клуб става акцент и на работата со женската екипа. По формирањето на машката екипа, во 1947 година е формирана и женската екипа на КК Вардар која во суштина е и единствениот македонски женски кошаркарски колектив се до 1956 година кога се појавува ЖКК Работнички.

Во периодот од 1948 година до 1955 година, „вардарки“ се шампиони на Македонија осум години едноподруго. Факт е дека во периодот од 1950 до 1955 иако клубот функционира, сепак натпревари нема затоа што освен Вардар ниту една друга женска екипа не се пријавува за домашниот шампионат.  Во 1956 и во 1957 година шампион на Македонија во женска конкуренција е Работнички, за потоа во следните четири години од 1958 до 1961 година повторно приматот да го преземе ЖКК Вардар.

d

Уште од првите години во дресот на Вардар се појавуваат кошаркарки што потоа доминираат на републичките првенства, како што тоа беше случај со Беба Глигорова, Анѓа Милосављева, Наташа Сенкиевиќ, Љубица Несторова, Наташа Шошкиќ, Здравева, Костова, Мишченко…

Вардар е првиот македонски клуб кој од самите почетоци на своето формирање се натпреварува и во најсилната лига на поранешна СФРЈ, уште од својата прва сезона во 1948 година. „Вардарки“ се натпреваруваат три сезони во Првата лига на СФРЈ (1948, 1949 и 1950), чин кој е од огромно значење за македонската женска кошарка, и покрај постигнатите скромни резултати.

По 1950 година, екипата се одлучува во следните десет години да се повлече од сојузното натпреварување како повеќе би се концентрирала на поставувањето темели за младинската школа, за повторно се врати во Првата сојузна лига на СФРЈ во 1960 година. Се натпреварува во следните три сезони во најсилната лига на СФРЈ, сепак не успевајќи да запише ниту една победа од вкупно 20 одиграни натпревари во трите сезони.

Тренер и на женскиот тим во овој период е Страшо Ромевски, а во играчкиот кадар се наоѓаат Ники Вучидолова, Ленче Аневска, Тања Сурлезанска, Нада Настева…

Поопширно …тука!