По два викенда во кои не се играше кошарка во Првата машка лига поради Купот и настапот на националната А-селекција, овој викенд, повторно ќе се играат натпревари во најсилната машка кошаркарска конкуренција. На програмата во елитата се дуелите од 16.коло.
Во ова коло црвено-црните ќе бидат гости на екипата на Блокотехна во Гевгелија. Натпреварот е закажан за на 02/03/2019 година, сабота. Истиот ќе се игра со почеток во 18 часот и 30 минути. КК Вардар сеуште нема победа во пролетниот дел, против нас имаме силен противник кој моментално е второпласиран на табелата зад шампионот, КК Работнички и пред Куп-првакот МЗТ Скопје.