Деновите, Пингпонгарската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите пингпонгари и клубови, кои добија и ваучери. Наjдобaр клуб е Вардар, но најмногу пари, ваучери доби Шампион Фа од Штип, кој за постигнатите резултати во изминатиов период доби 8 илјади евра, односно ваучери. Првите места на ранг листите на најдобрите ги зазедоа Даниел Главевски- Зхоу, Дамјан Стојчев, Петар Костовски, Кристијан Станојковски. Во женска конкуренција Васе Богоевска и верувале или не, Ива Димитриевска е најдобра од јуниорска до сениорска конкуренција.
Меѓу десетте најдобри пингпонгари во одделни категории се наоѓаат седум штипјани- Петар Костовски, Дамјан Стојчев, кои се најдобри во своите категории, Лука Стојчев, Филип Младеновски, Сашко Богатинов, Филип Костадиновски и Мила Штркова.
Иако штипјани во екипна конкуренција не постигнаа кој знае какви резултати, сепак и во новата сезона Штип ќе има две екипи кои ќе се натпреваруваат во Супер лигата- Шампиони Фа и УГД Студент.
Во овој период треба да се истакне добрата организација во Пингпонгарската федерација, која се обидува овој спорт да го доближи до децата во основните училишта, до најмалите, што ветува добра перспектива и афирмација на македонскиот пинг понг.
Извор:Кирил Манев/Штипски асови