Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар ги започна подготовките за третиот 8-мо Септемвриски турнир
Куглање: Вардар ги започна подготовките за третиот  8-мо Септемвриски турнир

Куглање: Вардар ги започна подготовките за третиот 8-мо Септемвриски турнир

На и околу  8.септември  кугларскиот клуб Вардар две години по ред беше  домаќин на најсилните екипи од ЕХ Ју просторите во рамки на  првиот и вториот вардаров Интернационален турнир “8-ми септември“.  Турнирот се организира по повод денот на независноста на Република  Македонија. Во изминатите две години учество земаа најсилните екипи од  ЕКС Ју републики: Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Македонија.

Веќе црвено-црните ги започнаа подготовките за треттиот Интернационален турнир “8-ми септември кој ќе се игра оваа есен. Начелно веќе се познати гостите, останува потврдување на нивното учество и можноста за обогатување на оваа манифестација со поголем број учесници од претходно. Вардар со цел развивање и промоција на овој спорт, воедно овозможување да се гледа „кремот“ во Скопје го организира настанот. Честитки за упорноста и за истрајноста на раководството на клубот.