Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар ќе ја преставува Македонија во “Европскиот Куп“
Куглање: Вардар ќе ја преставува Македонија во “Европскиот Куп“

Куглање: Вардар ќе ја преставува Македонија во “Европскиот Куп“

Kугларскиот клуб „Вардар“  изминатата сезона ја заврши на “бронзената“ позиција во Македонската кугларска лига и во Купот на Република Македонија во куглање. Со тоа обезбедувајќи си пласман во Европа. Момците на Драги Димитровски ќе ја преставуваат Македонија во “Европскиот Куп“.

Шампион во истото натпреварување од лани е тимот на Мертојак од Хрватска, екипа во која настапува претседателот на Вардар, Димитар Димитровски. Токму со овој тим  од Сплит ние ќе  одиграме подготвителен тест-дуел во Скопје. Мечот ќе се одигра на идниот месец, поточно на  6.септември  во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.

Оваа година “Европскиот Куп“ ќе се игра во Запрешиќ, Хрватска.