Вардаровиот „бисер“ , репрезентативецот на Македонија кој освои бронза на Светското првенство и обезбеди олимписка норма, Могамедгаџи Нуров (-97 кг) го очекува нов предизвик. Вардарецот во идната сезона 2020/2021 ќе биде дел од најсилната европска конкуренција, Бундес Лигата.
Тој ќе биде дел од тимот на RSV Rotation Greiz, каде ќе биде отстапен од екипата на Вардар. Германскиот тим со гордост потврди како што велат, националниот херој на Македонија ќе ги брани нивните бои. Да напоменеме дека нашиот тренер, Љубиша Пешко пред три години направи „бум“ кога ги остапи Нуров, Егоров и Зубаиров на Weingarten со кој станаа екипни шампиони на Германија. Егоров и во следните две години го повтори истиот успех.