Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар повторно со ново име, Ѓорѓиевски Столе е дел од црвено-црните

Куглање: Вардар повторно со ново име, Ѓорѓиевски Столе е дел од црвено-црните

kugla

Во новата сезона која започна во Македонската кугларска лига, веќе се одиграни две кола. Кугларскиот клуб Вардар сериозно започна да инвестира во македонското куглање, создавајќи два тима. Екипата „А“ и „Б“ се натпреваруваат во оваа сезона.

Двата тима имаат солиден број на играчи во ростерот, но покрај тоа црвено-црните „реактивираа“ неколку поранешни куглари и ги внесоа во тимовите. Најново име во нашиот тим е Ѓорѓиевски Столе. Тој се враќа на овој спорт по речиси деценија пауза. Станува збор за член на кугларска фамилија, овој спорт го практикуваа и неговиот татко и чичко.  Ѓорѓиевски (32години) има настапувано за тимот на  ТКС. Тој ќе биде дел од Вардар-Б.

Честитки за Вардар и неговото несебично инвестирање во масовоста и квалитетот на овој мал спорт во земјава.