ЖОК Вардар ја продолжи својата доминација на женската одбојкарска сцена, стигнувајќи до нов максимален триумф во Првата лига. „Црвено-црните“ за противник го имаа „Универзитет Тетово“, одржувајќи им час по одбојка на гостинките за нова победа од 3-0 на домашната одбојкарска сцена.
Доминацијата беше најавена од првиот поен, Вардар одигра импресивно и го доби стартниот сет со 25-7. Нашите одбојкарки потоа продолжија со доминантен настап до крајот на натпреварот, славејќи со 25-12 во вториот и со 25-11 во третиот сет.
Овој триумф е добра увертира за настапот во Челинџ-купот на ЦЕВ. Вардар без борба го мина првото коло поради откажување на финскиот претставник, а ЦЕВ сега реши да организира „балон“ во Капошвар, Унгарија, каде „црвено-црните“ на 9 декември ќе се сретнат во еден меч со Нитра од Словачка.