Одкако во првите пет кола не одигра ниту еден напревар, црвено-црниот кошаркарски сениорски тим изминатиот викенд започна со забрзано играње на дуелите. Во првиот меч за нас оваа есенска полусезона бевме совладани во Кале од ТФТ со еден поен разлика. Веќе задутре не очекува нов предизвик.
Вардар во заостанат меч од 2.коло гостува во Битола кај екипата на КК Пелисер. Дуелот е закажан за на 10.декември во салата „Боро Чурлевски“. На дуелот кој ќе започне во 18:30 часот, кошаркарската правда ќе ја делат: Митровски, Цветаноски и Антовски.
Момците на Јованчев ќе се обидат да дојдат до прва победа за нас по стартнот неуспех.