Проф.Љубиша Пешко ни соопшти една убава вест за мак.борењето. Под надзор на нашиот тренер, воедно и главен тренер на Дагестанската репрезентација во Борење-Гајдар Гајдаров, на првиот дел од завршните подготовки за избор на Олимпискиот тим, пред државното првенство на Русија се наоѓа и нашиот евидентен олимпиец- Нуров.
Гајдаров изјави дека Нуров се наоѓа во врвна форма, подготвен е за постигнување и освојување на врвни резултати, каде што на подготовките совесно ги извршува сите задачи. Бидејќи се совпаѓаат планираните учества на меѓународни турнири кои ги зацрта Моги Ибрагимов, пред олимпијадата во Токио, одлично се совпадна и фактот дека Нурот го подолжи тренажниот процес со Дагестанската селекција, каде што тренира заедно со “Рускиот тенк“-А,Садулиев.
Видео од подготовките може да погледнете на следниот ЛИНК!
Пешко не извести и тоа дека: Решивме подади пандемијата и отежнатиот транспорт до Киев да не учестувава Нуров од 26 до 28/02 на “XXIV OUTSTANDING UKRAINIAN WRESTLERS AND COACHES MEMORIAL”-кој ќе се одвива во Киев. Нуров ќе остане на подготовките до 3.март со тренерот Гајдаров, а потоа со Ибрагимов и Пешко е планирано да учествува на првиот турнир од серијата за рангирање на најдобрите светски борачи. Кој ќе се одржи од 4 до 7.март во Рим, Италија.
RANKING SERIES
INTERNATIONAL TOURNAMENT MATTEO PELLICONE
(GR/FS/WW). “