КК Вардар по завршување на регуларниот дел од сезоната ќе биде дел од плеј-аут сегментот каде ќе се бори за опстанок во елитата. Момците на Александар Јованчев, денес (вторник 11.мај) ќе ја играат воведната рунда од овој дел од сезоната.
Црвено-црните ќе гостуваат кај младиот тим на МЗТ Уни Банка, дуелот ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“. На натпреварот кој е закажан со почеток во 19-15 часот за судии се делегирани: З.Митровски, .Феревски.А и Крстевски.В.