Третиот меч од плеј-аут сериите помеѓу екипите на Вардар и МЗТ Скопје Уни Банка, односно „мајсторка“ ќе решат кои две од нив и догодина ќе играат во Првата лига
ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 68:56 (1-1)
Неверојатно добра прва четвртина одиграа кошаркарите на Вардар на овој меч. Во раната фаза од вториот плеј-аут натпревар, обезбедија висока предност од дури 17.поени (23:6).
Но со почетокот на вториот период, работите почнаа да се менуваат, во полза на гостите од Аеродром. Како одминуваа минутите, така младите „металци“ ја топеа високата позитива на противникот. До истекот на првото полувреме симнаа добар дел од неа. Беа во негатива од „само“ девет поени (29:38). Дадоа 23 поени, исто колку Вардар во првата четвртина.
Од нив, 12.постигна Монтогомери (имаше и осум скока), додека на другата страна, слично како пред 48. часа, поентерски добро функционираше Дикембе (стрелец на 11.поени) делумно и Богдановиќ кој даде два помалку.
Второто полувреме беше налик на првото. Гостите од Аеродром постојано се обидуваа да ја достигнат таа сигурна предност на Вардар.
Беа многу блиску во тоа, во некоку наврати се спуштаа и на негатива од два поени. Но момците на тренерот Борче Даскаловски не најдоа „конечно решение“ за комплетно да се вратат во овој меч и да дојдат до триумф наречен опстанок.
Поради тоа, за два дена, во СЦ „Јане Сандански“ ќе падне одлуката.
Странската „тројка“ Богдановиќ-Дикембе-Радош искомбинира 52. поени, највисокиот актер на мечот „Под Кале“, а Дујковиќ имаше уште осум поени за Вардар.
На другата страна, Монтогомери заврши со дабл-дабл од 18.поени и 15. скока, Д.Митевски имаше 12, а Андоновски 11.поени