Вчера на пред олимписки турнир во Полска, “Ziolkowski, Pytlasinski, Poland Open” во градот Варшава настапи единствениот македонски квалификуван борач на Олимпијадата во Токио, вардарецот Нуров.
Нуров настапи со тренерот Ибрагимов и го освои солидното 5.место на овој собир. Станува збор за силен турнир на кој имаше учество на неколку ирански репрезентативци, од земјата која е веле-сила во овој спорт. Тие беа во борба за освојување на место во олимпискиот тим на Иран.
Стручниот штаб планира Нуров веќе идната недела да има нов настап на турнир. Станува збор за последниот предолимписки контолен турнир во Сассари-Италија.