По шести пат по повод денот на Македонската борба „23Октомври,” атлетското здружение „23Октомври” од Скопје ќе организира атлетска трка, која ќе биде во должина од 10км, стартот и финишот ќе бидат пред црквата “Сретение Господово”, во населбата Железара.
На оваа манифестација свое учество ќе земе нашиот Петре Завировски кој е во одлична форма. Тој минатиот викенд на националното првенство во крос кантри ја имаше својата најдобра трка оваа сезона. Од ден на ден е се подобар. Тренира максимално посветено. Ова е негов нов драматичен подем каде само прашање на време е кога ќе започне да ги подобрува неговите досегашни најдобри резултати во кариерата. Има многу паметен пристап на тренинзите и трките. Очигледно е дека перфектно ја подготвува тактиката за секоја трка. Во иднина можеме да очекуваме силни резултати.