По три одиграни кола во 2.лига, сениорскиот тим на КК Вардар има две победи и еден пораз. Утре, среда (03/11/2021) го играме четвртиот натпревар од сезоната 2021/2022.
Црвено-црните момци ќе се сретнат со тимот на Партизан Водно Санс, дуелот е закажан со почеток во 19-00 часот. На натпреварот кој ќе се игра во малата сала при СРЦ „Кале’ за судии се делегирани: А.Давидов, А.Златевски и М.Богески.