По шест рунди, КК Вардар во втората лига има скор 4-2, во второлигашката конкуренција. Тимот на Александар Јованчев вчера гостуваше кај тимот на КК Струмица во истоимениот град.
На натпреварот кој се играше во салата „Парк” Струмица, дојдовме до важна победа за нас со минимални два поена. Оваа клучна победа во гости за одржување на чекорот со тимовите од врвот на табелата во 2.лига дојде со резултат 74-76.
Во следното 7.коло во салата „Кале“ домаќини сме на тимот на Борец Баскет.