Ако денот по утрото се познава, тогаш нашиот атлетичар, Петре Завировски го очекува уште една одлична сезона. Традиционално секоја година на 18 февруари Армијата на Република Македонија го одбележува денот на меѓународниот сојуз на воени спортови CISM.
Еден од најредовните учесници е и Завировски. Тој го продолжи континуитетот на одлични настапи од минатата сезона, префрлени во новата сезона во која делува уште подобро. Во споредба минатата сезона истата оваа трка ја истрча за 17-53 минути. Сега трчаше околу половина минута побрзо односно 17-18 минути.
Вардарецот работи многу посветено, сосема очекувано е да има прогрес. Посебно драго ни е што имаме спортист од ваков калибар во нашот колектив кој повеќе од една деценија го промовира Вардар на најдобар можен начин.
Она што следува за Завировски во следнот период се потврдени учества на трки во Кавадарци и Кочани.Во меѓу време можно е да настапи на други трки.