Следен предизвик од 2.фаза во лигата за црвено-црните дами на Александар Ашаданов е гостувањето кај актуелниот шампион, тимот кој пред 10сетина дена го одбрани Купот на Македонија екипата на Баскет Кам.
Делот на ЖКК Вардар од 2.коло во „Оролоџо“ сегментот е закажан за понеделник во големата сала при Спортскиот центар „Кале“ каде што тимот од Македонска Каменица ги игра во овој период од сезоната домашните натпревари. Натпреварот ќе започне во 20-00 часот.